Еден починат и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово, рекордни 535 во државата

15.10.2020 17:19 | KumanovoNews

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 535 нови случаи од ковид-19 , а направени се 2445 тестирања.

Еден починат и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово, рекордни 535 во државата

По градови: Скопје 277, Струмица 30, Прилеп 26, Гевгелија 24, Штип 22, Тетово 18, Куманово 17, Свети Николе 9, Крива Паланка 2 и др.

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66), Куманово (57), Прилеп (72), Свети Николе (69), Велес (67) и Неготино (55).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22170, бројката на оздравени пациенти е 16758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4597.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk