Еден починат и 25 новозаболени од коронавирус во Куманово

08.10.2021 17:30 | Сузана Николиќ

Регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.791 тестирања.

Еден починат и 25 новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови во:Скопје – 205, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г),  по едно починато лице од Куманово (84г), Кавадарци(62г) и Македонски Брод (53г). Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови.

Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од: Скопје – 313, Куманово – 37, Штип  – 22, Кавадарци – 18, Велес – 15, Битола и Струмица – по 13, Тетово и Прилеп – по 12, Охрид – 9, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7, Кочани – 6, Гевгелија – 5, Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4, Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3, Крушево – 2, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.


Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.314.953 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231 бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 84672, Активни 5076
Куманово 11645, Активни 935
Тетово 10866, Активни 834
Прилеп 9123, Активни 279.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk