Еден починат и 29 нови случаи на ковид-19 во Куманово

25.10.2020 22:09 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 271, Прилеп 33, Куманово 29, Тетово 26, Велес 20,  Штип 19, Крива Паланка 3, Свети Николе 5, Пробиштип 4, Кратово 3 и др.

Еден починат и 29 нови случаи на ковид-19 во Куманово

Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64), еден од Куманово (57), двајца пациенти од Дебар (58 и 64), еден од Прилеп (61), еден од Струга (75), двајца пациенти од Велес (61 и 64 ), двајца од Битола (74 и 70), двајца од Гостивар (79  и 76), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88), еден од Кочани (60) и еден пациент од Делчево (81). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти. Од Куманово седум.

Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk