Еден починат и 44 новозаболени од коронавирус во Куманово

03.11.2021 20:26 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа регистрирани се 568 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.594 тестирања. 

Еден починат и 44 новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 230, Куманово –  44, Битола – 39, Прилеп – 29, Кавадарци – 27, Штип – 26, Велес – 19, Кочани – 18, Тетово – 16, Делчево – 13, Кичево – 12, Гевгелија – 11, Охрид и Струмица – по 10, Неготино и Крива Паланка – по 9, Свети Николе– 7, Берово  – 6, Богданци – 5, Гостивар, Ресен и Кратово – по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево и Демир Хисар – по 2, Валандово,  Македонски Брод, и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 293 оздравени пациент од: Скопје – 173, Куманово – 28, Струмица – 11, Велес – 10, Прилеп – 9, Битола и Гевгелија – по 8, Кавадарци и Штип – по 7, Крива Паланка –  6, Богданци и Пробиштип – по 5, Свети Николе и Кратово  – по 4, Кочани – 3, Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (44г, 74г, 75г,  82г и 82г), 2 лица од Кавадарци (69г и 87г) и по едно починато лице од Тетово (16г), Неготино (77г), Куманово (79г),  Кочани (77г) и Демир Хисар (90г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Куманово(2), Кичево(1), Делчево(1) и Велес (1) на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови ,а 2 се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 89272, Активни 3467
Куманово 12376, Активни 442
Тетово 11058, Активни 164.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk