Еден починат и 51 новозаболен од коронавирус во Куманово

08.11.2020 19:14 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа направени се 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19. По градови во: -Скопје 392, -Тетово 95, -Куманово 51, -Гостивар 49, -Велес 48, -Битола 36, -Охрид 31, -Прилеп 29, -Штип 18, -Крива Паланка, Пробиштип и Свети Николе 8 и др.

Еден починат и 51 новозаболен од коронавирус во Куманово

Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60), еден од Куманово (58), еден од Штип (83), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57 ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63), еден пациент од Струга (82), двајца од Велес (79 и 73), двајца од Битола (72 и 84), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57), еден од Гевгелија (87), еден од Струмица (67), еден од Кочани (70) и еден пациент од Делчево (49). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од:-Скопје 9, -Куманово 2...

Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk