Еден починат и 51 новозаболен од коронавирус во Куманово

05.03.2021 20:35 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.519 тестирања.

Еден починат и 51 новозаболен од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16, Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип – по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по – 4, Валандово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе,Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод – 1.

Починати се 11 лица, по 5 пациенти од Скопје (77, 73, 63, 63, 39), по 2 пациенти од Кавадарци (77, 71) и Неготино (77, 63) и по 1 пациент од Куманово (75) и Кочани (72). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти од: Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија – по 10, Штип и Струмица по – 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово – по 4, Кочани и Крушево – по 3, Кичево и Кратово по – 2, Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија- по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на ковид-19.

Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 106.110, оздравени се 94.275, починаа 3.176, а активни случаи се 8.659.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 360, активни 3988

Куманово 51, активни 349.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk