Еден починат и 8 новозаболени од коронавирус во Куманово

23.02.2021 20:51 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.813 тестирања.

Еден починат и 8 новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш – по 1.

По компликации од ковид-19 во болнички услови починаа 9 пациенти. Починати се 4 пациенти од Скопје (71, 66, 63, 55) и по еден пациент од Охрид (67), Куманово (68), Кочани (85), Делчево (61), Демир Хисар (84).

Регистрирани се 354 оздравени пациенти од: Скопје – 198 , Куманово – 20, Прилеп – 18, Кавадарци – 17, Тетово – 14, Гевгелија – 11, Велес и Струмица – по 10, Гостивар – 8, Неготино – 6, Крива Паланка – 5, Радовиш, Берово и Дојран – по 4, Штип, Ресен и Виница – по 3, Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово – по 2, Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на ковид-19.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 99.917, оздравени се 90.096, починаа 3.085, а активни случаи се 6.736.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk