Еден починат и еден новозаболен од коронавирус во Куманово

08.02.2021 17:58 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, a направени се 726 тестирања. По градови: Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.

Еден починат и еден новозаболен од коронавирус во Куманово

Починати се 22 пациенти, по компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Починати се 10 пациенти од Скопје (71,64,79,84,32,73,81,67 и два случаи по 65), по двајца од Тетово (68 и 70) и од Прилеп (66 и 85) и по еден смртен случај од Радовиш (85), Кавадарци (63), Гостивар (82), Демир Капија (27), Струмица (65), Охрид (68), Струга (71) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.

Регистрирани се 1.440 оздравени пациенти од: Скопје – 798, Кавадарци – 76, Струмица – 71, Тетово – 67, Куманово – 56, Гостивар – 47, Велес -34, Прилеп -32, Неготино – 27, Битола – 26, Делчево – 25, Охрид и Гевгелија по 22, Кичево и Ресен по 18, Кочани – 15, Штип – 14, Струга -12, Свети Николе -10, Богданци и Македонска Каменица по 9, Дебар и Радовиш по 6, Берово -5, Демир Капија -4, Крива Паланка , Виница ,Валандово и Дојран по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 94.871, оздравени се 85.439, починати се 2.946, а активни случаи се 6.486. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 41460, активни 3215

Куманово 5275, активни 257

Крива Паланка 739, активни 35

Кратово 238, активни 24.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk