Еден починат и шест новозаболени од ковид-19 во Куманово

15.09.2020 14:30 | KumanovoNews

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистриран е еден починат и шестмина новозаболени од коронавирус.

Еден починат и шест новозаболени од ковид-19 во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје 50, Струмица 9, Тетово 7, Куманово 6, Прилеп 5, Штип 4 и Крива Паланка 1.

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62), од Куманово (60), од Велес (70), двајца од Скопје (71 и 23), двајца од Струмица (29 и 44).   

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk