Еден починат од коронавирус во Куманово

21.06.2021 13:18 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 3 нови случаи на ковид-19 во Скопје, а направени се 1.601 тестирања.

Еден починат од коронавирус во Куманово

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г). Пациентите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68643, Активни 102,

Куманово 8878, Активни 34,

Прилеп 8326, Активни 24,

Тетово 7241, Активни 23.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk