Еден починат од ковид и уште 53 позитивни во Куманово

21.07.2022 20:36 | Сузана Николиќ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.631 тестови, а регистрирани се нови 788 случаи на ковид-19. 

Еден починат од ковид и уште 53 позитивни во Куманово

Во Центарот за јавно здравје во Куманово направени се 53 тестирања и регистрирани се исто толку нови случаи на ковид-19, едно лице почина, а 24 се оздравени. Во моментот се активни 194 болни.

Најмногу новозаразени има во Скопје – 350, Битола - 59, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (788), регистрирани се 191 реинфекции.

Регистрирани сe 541 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Битола – 41, Прилеп – 31, Охрид – 28, Тетово – 27, Куманово – 24, Кавадарци и Велес – по 23, Струмица – 15, Штип – 13, Кочани – 12, Струга и Кичево – по 8, Гостивар – 6, Радовиш – 5, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 3, Ресен – 2, Богданци, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пробиштип, Пехчево и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Струга (89г) и Охрид (92г), двајцата се починати  во болнички услови.        
                                                                                                     
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г).  Двајцата се починати  во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 - 12.07.2022г.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk