Еден починат, тројца новозаболени и 18 оздравени од ковид-19 во Куманово

26.05.2021 19:57 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа направени се 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19.

Еден починат, тројца новозаболени и 18 оздравени од ковид-19 во Куманово

По градови во: Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово - 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово  – по 1.

Регистрирани се 147 оздравени пациенти од: Скопје – 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2, Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).

Од пријавените, 6 лица  се починати  во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68432, Активни 1025

Куманово 8809, Активни 235

Прилеп 8287, Активни 104

Тетово 7207, Активни 101.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk