Еден повреден во сообраќајка кај Псача

06.03.2015 10:40 | KumanovoNews

На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка кај село Псача,  во сообраќајна несреќа едно лице е повредено при судир на два автомобили.

Еден повреден во сообраќајка кај Псача

  Сообраќајката се случила  утринава околу 6 часот, кога возило „рено трафик„ со унгарски таблички управувано од Д.Д.(29) од Скопје, додека се движело кон Крива Паланка изгубило контрола и преминало на левата коловозна лента. Од спротивната насока наишло комби „пежо боксер„ кое го управувал Г.С.(35) од Крива Паланка и двете возила се судриле.  Повреден е возачот Г.С., кој е пренесен во болницата во Крива Паланка каде му е констатирана телесна повреда и пуштен е на домашно лекување.

На патот имало остатоци од кашест снег, а сообраќајот бил прекинат од 6.30 до 7.15 часот. Полицијата извршила увид  и работи на утврдување на причините за несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk