Еден повреден во судир на автобус и пикап

13.06.2016 09:07 | KumanovoNews

Едно лице e повредено при судир на автомобил и автобус во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во селот Страцин.

Еден повреден во судир на автобус и пикап

Сообраќајката се случила вчера во 16.30 часот, кога пикап со кумановски регистарски таблички, кој се движел од Кратово кон Куманово се судрил со бугарски автобус кој доаѓал од спротивната насока.

Повреден е возачот на пикапот, а 40-тина патници од Дупница кои се враќале од еднодневна ексурзија во Скопје останале неповредени.

Со возило на Итна помош повредениот кратовец е префрлен во Ургентниот центар каде е констатирано дека има скршеница на реброто, заради што е задржан на болничко лекување.

Истрагата ќе утврди кои се причините за сообраќајната несреќа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk