Еден работник загина, а друг повреден во фабрика во Куманово

25.09.2020 11:51 | KumanovoNews

Едно лице загина, а друго е повредено на работно место во фабрика во Куманово.

Еден работник загина, а друг повреден во фабрика во Куманово

Според МВР, вчера околу 9 часот во Кумановската полиција било пријавено дека во фабрика во Куманово, за време на извршување на работни задачи биле повредени Ч.С.(57) и Р.И.(27), и двајцата од Куманово.

Ч.С. од зaдобиените повреди починал, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош Куманово.

Р.И. бил пренесен во Кумановската болница за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ОД МВР не соопштуваат во која фабрика се случила несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk