Еден убиен и неколку повредени во пресметка на две семејства во „Диво Насеље“

01.11.2018 11:37 | KumanovoNews

Едно лице загина, a неколку се повредени во крвава пресметка на две семејства во Куманово.

Еден убиен и неколку повредени во пресметка на две семејства во „Диво Насеље“

Насилството се случило синоќа во 18.30 часот, на улицата „Тоде Мендол“ во близина на маркет “Арди” помеѓу две семејства и тоа:  Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна.

Во тепачката било пукано од огнено оружје при што В.М. се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Куманово, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде им подлегнал на повредите.  

М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети .

Увид на лице место  е извршен  од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.  Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени.

Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка.

Во соработка со jавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk