Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице загинало, а две се тешко повредни во сообраќајна несреќа на регионален пат во кратовското село Трновац.
Сообраќајката се случила кај место викано „Превалец“, вчера околу 14.30 часот, помеѓу товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.В.(33) од Скопје.
„Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А.(38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт, а со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, соопшти МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk