Еден загинат двајца повредени во сообраќајка кај Војник

26.03.2018 09:22 | KumanovoNews

Едно лице загина, а две се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на селото Војник.

Еден загинат двајца повредени во сообраќајка кај Војник

Несреќата се случила во 15.05 часот кога дошло до судир помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(27) од с.Марино, скопско и товарно возило „Сканиа“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од Д.А. (43) од с.Волково, скопско.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.С. којшто бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде им подлегнал на повредите.

Д.А. и сопатникот од товарното возило Ј.Д. (42) од с.Волково биле пренесени во болницата во Куманово и биле задржани на лекување.

Кај Д.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Д. телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk