Единаесет новозаболени и двајца починати од Липково, еден позитивен од Куманово

01.06.2020 14:10 | KumanovoNews

Од Центарот за јавно здравје на Куманово, кој ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане, информираат дека единаесет од новозаболените и двајцата починати од коронавирус се од селата во Општина Липково, а еден во Куманово.

Единаесет новозаболени и двајца починати од Липково, еден позитивен од Куманово

Новите случаи на заболени се од познати класери од селата: Слупчане – 5, Матејче – 4, Лојане – 1 и Никуштак – 1. Тестирањето е направено во саботата на 30 граѓани.

„Исто така, имаме двајца починати. И тие се од Општина Липково, од Слупчане и Никуштак. Наглото зголемување на бројот на заразени се должи на начинот на живот. Граѓаните не ги почитуваат мерките, по цел ден се заедно и се групираат, одат во семејни посети. Секојдневно ги гледаме како одат во кафулиња и не веруваат на вирусот“, вели директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.

Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките, да носат заштитна маска и да држат дистанца, да ги мијат рацете, бидејќи КОВИД-19 е опасен вирус и мора сериозно да се сфати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk