Единаесети фестивал на нов германски филм во Куманово

06.10.2015 09:08 | KumanovoNews

Во Младински културен центар „Козјак“ на 13 октомври во 20 часот ќе биде отворен единаесетиот фестивал на нов германски филм со филмот „Роден во болка“.

Единаесети фестивал на нов германски филм во Куманово

Фестивалот ќе трае до 17 октомври при што ќе бидат прикажани 6 филма. На 14 октомври на репертоарот е “Феникс“ во 20 часот. На 15 октомври во 20 часот ќе започне “Хакери“,  а на 16 октомври ќе се прикажат во 16 часот “Лола на грашокот“ и во 18 часот “Спасете го Рафи“. На 17 октомври ќе игра филмот “300 збора германски“ во 20 часот. Прикажувањето на филмовите во Куманово го организираат МКЦ„Козјак“, Про кредит банка и германската амбасада.

Фестивалот на нов германски филм  ќе гостува во Прилеп, Битола, Охрид, Тетово, Штип, Велес, Кавадарци и Струмица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk