Единаесетта седница на Советот на Општина Куманово

29.05.2018 08:11 | KumanovoNews

Советниците утре ќе одржат редовна седница.

Единаесетта седница на Советот на Општина Куманово

На дневен ред се 19 точки, меѓу кои извештаи за работа и финансиска состојба на јавни претпријатија, како и прашања од сферата на урбанизмот.

Дневен ред

1.Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период октомври – декември 2017 година;

2.Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период јануари – декември 2017 година;

3.Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2017 година;

4.Годишен извештај за 2017 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;

5.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2018 година;

6.Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2018 година;

7.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;

8.Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година;

9.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт-Урбанистички план за село Романовце со блок 32, КО Романовце - Општина Куманово;

10.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 922, м.в. Киселица, КО Табановце - Општина Куманово;

11.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 264, м.в. Калиште, КО Клечовце - Општина Куманово;

12.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 372/2, м.в. Маслинка, КО Тромеѓа - Општина Куманово;

13.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 433/4, м.в. Новине, КО Биљановце - Општина Куманово;

14.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1679/1,  м.в. Горна Река, КО Шупли Камен - Општина Куманово;

15.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1975, м.в. Речица, КО Горно Коњаре - Општина Куманово;

16.Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1989 и КП 1990, м.в. Трговиште, КО Табановце - Општина Куманово;

17.Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на Јавното претпријатие „Куманово - паркинг” Куманово;

18.Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

19.Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2018 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk