Единствен бранител против Бугарите во Уставот ќе биде Левица, порача Апасиев

29.04.2024 11:59 | KumanovoNews

Граѓаните да заокружат 5  и да дадат поддршка на Левица, за поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието, ова е една од пораките на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
 

Единствен бранител против Бугарите во Уставот ќе биде Левица, порача Апасиев

Целта на Левица на овие избори е СДСМ да падне под 20 пратеника. Она што се случи на претседателските избори, за Левица е очекуван резултат, со оглед на тоа дека партијата со претседателски кандидат  учествува првпат. 
 
„На парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик. Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица", истакна Апасиев. 
 
Од Левица велат дека имаат програма, којашто е единствена различна од сите други програми, која треба да ја развие државата рамномерно.

„Со силни државни капацитети планираме сите дистрибутивни мрежи да ги национализираме. Јас зборувам за електродистрибутивната мрежа, за нафтената мрежа, зборувам за интернетот итн. Целта е и обичниот човек да види бенефит", кажа Борислав Крмов. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk