Една година од вооружената пресметка во Диво насеље

09.05.2016 08:31 | KumanovoNews

Денеска се навршува една година од вооружената пресметка во Диво насеље.

Една година од вооружената пресметка во Диво насеље

На 9 мај минатата година припадници на македонските безбедносни сили се судрија со вооружена група од Косово. Борбите траеја два дена при што загинаа 8 полицајци, а 42-ца беа ранети. За нападот полицијата уапси 29 лица, кои се во притвор и на кои им се суди за тероризам.

Во честа на загинатите полицајци денеска во 12 часот во црквата „Свети Никола“ ќе се одржи панихида за загинатите. Во населбата Диво насеље, жителите ќе организираат протестен марш со цел никогаш да не се повторат минатогодишните случувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk