Една година откако падна потпорниот ѕид на улицата „Тодор Велков“, никој не го поправа

03.04.2024 12:03 | Оливера Пешевска

Потпорниот ѕид на улицата „Тодор Велков“, во дворот на Центарот за вработување Куманово, кој падна пред 14 месец уште не е поправен. 

Една година откако падна потпорниот ѕид на улицата „Тодор Велков“, никој не го поправа

Постои опасност да се урне и она што останало од него, а ја загрозува безбедноста на минувачите, паркираните автомобили и сендвичарата.

„Очекувавме уште минатата година да се поправи ѕидот, но до сега немаме најава, ниту навестување кога би можело да се започне со работа. Освен што е грда глетка, опасноста се зголемува секој ден, затоа што притисокот на преостанатиот дел е значително зголемен“, истакнува Марија Димитријевска, раководителка на Центарот за вработување Куманово.

Уште минатата година е доставено барање до ЈП „Куманово- план“ за изработка на техничка документација, но таа не изработена поради технички проблеми.

„На таа локација имотно- правните односи се заплеткани, ѕидот е во сопственост на МТСП, односно Центар за вработување Куманово. За издавање на градежна дозвола е потребно да се приложи имотен лист на сопственикот. Затоа доставеното барање за изработка на планска документација на Општина Куманово е отфрлено како неосновано“, Иван Николовски, технички директор на Куманово-план.

Причина за  обрушувањето на ѕидот и оградата на улицата „Тодор Велков“ е притисокот што го трпеле по поставувањето на бекатон плочките на тротоарот.  Тие служела како потпорен ѕид, иако не биле изведени градежни работи за негово зацврстување.

Покрај распаднатиот ѕид и превртената метална ограда, секојдневно поминуваат деца од  Основното училиште „11 Октомври“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk