Едно лице од Куманово се тестира за коронавирус

15.03.2020 13:13 | KumanovoNews

 Седум нови пациенти се тестираат на корона вирус, меѓу кои и едно лице од Куманово, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Едно лице од Куманово се тестира за коронавирус

- Имаме 7 нови матерјали коишто се работат. Станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив претојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. После неколку дена од враќањето развиле висока температура и сега се во одделите за изолација. Во текот на денот ќе бидат готови резултатите,-   изјави Филипче.

Пациентот од Охрид и две родилки од Дебар, коишто се сместени во болница се во стабилна состојба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk