Едно лице загина од експлозија на плинска боца во Куманово

20.03.2025 22:48 | KumanovoNews

Kумановец вечерва починал од повредени задобиени од експлозија на плинска боца, во неговиот дом во населбата „Перо Чичо“ во Куманово.  

Едно лице загина од експлозија на плинска боца во Куманово

„Во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров” настанал пожар од експлозија на плинска боца. Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д. (60) од Куманово“, информираат од полицијата.

Во тек е увид на полициско-судски екипи на местото на несреќата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk