Едно лице потешко повредено во сообраќајка на „Доне Божинов“

05.01.2019 10:30 | KumanovoNews

 Едно лице потешко, а три полесно се повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска по полноќ се случила во центарот на Куманово.

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на „Доне Божинов“

Ноќеска 01.30 часот на ул.„Доне Божинов“ дошло до судир помеѓу патничко моторно возило „Форд ескорт“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(26) и патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(33).

Б.Д. и И.Ј., како и сопатниците А.С. и К.П. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово.

Кај возачот на фордот Б.Д се констатирни тешки телесни повреди и е препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Куманово, а известен е и јавен обвинител.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk