Во пожар загина сопственик на куќа во село Отошница

22.01.2024 14:03 | Оливера Пешевска

Шеесет и петгодишен жител на Скопје, вчера бил пронајден мртов во куќа, во која избувнал пожар во селото Отошница, општина Ранковце.

Во пожар загина сопственик на куќа во село Отошница

„Во  04.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Отошница, општина Ранковце, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.М. (65) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а во куќата бил пронајден починат сопственикот“, соопштуваат од полицијата.

 Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk