Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште „Вера Которка“ од село Клечовце и СОУ „Перо Наков“ од Куманово добија грантови од Министерството за образование и наука (МОН) за спроведување програми за заштита на учениците во учебната 2025/2026 година.
Вкупно во земјата, за основните училишта се доделени вкупно 18 грантови, додека за средните училишта седум, од оние кои аплицирале на конкурсот.
Средствата се наменети за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација, како и програми за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции, како и за спречување малолетничка деликвенција.
Од Североисточниот регион грант добија и основните училишта „7 Март“ од Опае, општина Липково, како и ОУ „Илинден“ од Крива Паланка.
Од Министерството за образование и наука истакнуваат дека ваквите програми имаат за цел навремено да одговорат на ризиците со кои се соочуваат младите и да придонесат кон создавање побезбедна, поддржувачка и одговорна училишна заедница.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk