Еднодневно капење во Грција со „Јоцо-турс„

06.08.2013 11:19 | KumanovoNews

 Туристичката агенција „Јоцо-турс„ организира еднодневна посета на плажите во Паралија и Олимпик вич во Грција.

Еднодневно капење во Грција со „Јоцо-турс„

Турите се организираат секоја недела со високотуристички автобуси на агенцијата.

Автобусите од Куманово тргнуваат во 4 часот наутро, а поаѓањето од Грција е во 19 часот. Има голем интерeс кај граѓаните и секоја недела заминуваат по 2-3 наши автобуси, бидејќи цените се пристапни и секој може да си дозволи еднодневен одмор. Повеќе патуваат младите, но се почесто и посериозните граѓани се одлучуваат за ваквите патувања- велат од „Јоцо-турс„.

    Од агенцијата објаснуваат дека на море се стига околу 9 часот наутро и цел ден може да се помине на плажа.

Кумановци кои веќе ја користеле еднодневната прошетка, кажуваат дека одлично си поминале и дека цената на автобускиот превоз е приближна како картата за влез во новиот аква парк и затоа се одлучуваат за капење во морска вода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk