Едукација за заштита од “син јазик“

29.09.2014 09:39 | KumanovoNews

Советници од Агенција за поддршка на развој на земјоделството од денеска почнуваат со едукација на сточарите за заштита од “син јазик“.

Едукација за заштита од “син јазик“

Ќе бидат опфатени Довезенце, Бељаковце, Биљановце, Черкезе, Гошинце и други села каде е констатирано дека има  заболени грлa.

“Шталите треба да се исчистат од простирка и ѓубре со цел да биде подготвена за дезинсекција. Стручни служби ќе бидат ангажирани за дезинсекција која ќе биде на товар на Владата. Секое животно да биде истрижано долж рбетниот столб со цел да биде подготвено за третирање. Сопствениците на животни ќе бидат ослободени од пашарина, а ќе бидат обезбедени субвенции и за секое угинато животно, но претходно со записник утврдено дека смртта настанала од “син јазик“ - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поддршка на развојот на земјоделството.

При појава на болеста фармерите треба да реагираат до матичен ветеринар и да го известат ветеринарниот инспекторат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk