Едукативни работилници за дијабетичарите во Занаетчискиот дом во Куманово

23.11.2022 18:05 | KumanovoNews

Здружението на дијабетичари од Куманово и Центарот за дијализа ДИАЕРУМ Куманово  организираат едукативни работилници за дијабетичарите, што ќе се одржат  утре (24 ноември), со почеток во 17 часот,  во салата на Занаетчискиот дом (поранешно кино Напредок).

Едукативни  работилници за дијабетичарите  во Занаетчискиот дом во Куманово

Предавач и едукатор  на  рабоилницата на тема  „Дијабетес и исхана“ е  дипл. мед. сестра Татјана Ѓорговски од Центарот за дијабетес при Универзитетската клиника за ендокринологија, а на работилницата на тема „Превенција на хронични компликации предизвикани од дијабет“ предавач ќе биде   др. Моника Јакимовска од Центарот за дијализа ДИАЕРУМ Куманово

Освен членовите на Здружението на дијабетичари од Куманово, на работилниците може да присуствуваат и други заинтересирани граѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk