Еко акција за чистење на Градски парк и Спомен костурница

24.03.2017 20:30 | KumanovoNews

Здружението за доброволна работа „Кумановски акцијаши“ и ЈП „Чистота и зеленило“, денеска (сабота) организира пролетна еколошка акција за чистење на Градскиот парк во близина на автобуската станица и на Спомен костурницата.

Еко акција за чистење на Градски парк и Спомен костурница

Во акцијата ќе се вклучат волонтери, вработени во јавното претпријатие, општината  и граѓани. Собирно место е во 9 часот во Градскиот парк.

Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и да дадат свој придонес во зачувување на чиста и здрава животна средина.

Акцијата се организира по повод Денот на пролетта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk