Еко-маскенбал во „Христијан Карпош„

01.04.2013 14:50 | KumanovoNews

 Учениците од основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата „Перо Чичо„ со еко-маскенбал го одбележаа Денот на шегата.

Еко-маскенбал во „Христијан Карпош„

Пролетен цвет, шума, книга, штурчиња, ѓубраџии беа само дел од маските, кои се претставија на маскенбалот, кој се одржа во спортската сала на училиштето пред наставниците и родителите.

„На маскенбалот земаа учество околу 200 ученика. Учествуваа ученици од прво до шесто одделние со групни маски, кои ги изработија со помош на наставниците и родителите. Цел на овој еко маскенбал е да се види дека може да се изработат убави и квалитетни маски од рециклирачки материјал. Користено е хартија, пластика и стакло.“- изјави директорката на училиштето Лидија Костиќ.

На маскенбалот учествуваа и ученици од подрачните училишта во селата Тромеѓа и населбата Иго Тричковиќ.

Наставниците  се задоволни од инвентивноста на учениците и се надеваат дека маскенбалот ќе стане традицинален и ќе се збогати во наредните години.

                             М.Нацевска

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk