Еколошка акција на локалитетот „Студена Вода“

06.09.2018 11:01 | KumanovoNews

По повод Денот на независноста на Република Македонија, во петок на 7. септември, на локалитетот “Студена Вода“ ќе се одржи еколошка акција.

Еколошка акција на локалитетот „Студена Вода“

Акцијата ја организираат Кумановски акцијаши во соработка на Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“.

- За сите учесници организран е превоз и тоа од 08,30 часот од пред фонтаната кај поранешниот хотел Кристал. На акцијата поканети се претставници од невладиот сектор како и претставници од институциите и секако заинтересираните граѓани, - соопштуваат организаторите.

Еколошката акција ќе започне во 9 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk