Еколошка акција за чистење на дворот на амбулантата во населбата „Гоце Делчев“

24.05.2022 09:19 | Сузана Николиќ

Канцеларијата за млади заедно со ЈП „Чистота и зеленило“ и Здравствен дом Куманово,  утре (среда) организираат акција за чистење и уредување на дворот и просторот околу амбулантата во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Еколошка акција за чистење на дворот на амбулантата во населбата „Гоце Делчев“

„Акцијата започнува во 8.30 часот, а во неа ќе се вклучат младите советници од Советот на Општината, и волонтери и активисти од Младинскиот центар „Сакам да знам”,. Предвидено е чистење и косење на тревата, кастрење на дрвјата, кречење и фарбање на објектот, како и засадување на нови садници“, велат организаторите.

Во акцијата можат да се вклучат и граѓани од околните згради и населбата кои сакаат да помогнат во разубавување и оплеменување на овој простор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk