Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На просторот пред градскиот базен, спортската сала и во долниот дел од градскиот кеј, во петок ќе се одржи еколошката акција „Генералка викенд“.
Акцијата ќе започне во 10 часот, а организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да се вклучат во чистењето на јавните површини во градот.
„Претставници од Одделението за животна средина при Општина Куманово, во соработка со организацијата ‘Man and Mountain LLC’ од Австрија и со поддршка од ЈП ‘Чистота и зеленило’ – Куманово, упатуваат покана до граѓанските здруженија, невладините организации, општинските основни и средни училишта, како и институциите, да учествуваат во акцијата, со цел да придонесат за почиста и поздрава животна средина“, се наведува во соопштението од Општина Куманово.
Акцијата се организира по шести пат и ќе се реализира во повеќе општини низ земјава.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk