Ексклузивна матурска понуда во Tajmless

06.05.2015 07:29 | KumanovoNews

Најреномираната продавница за накит во градот Tajmless нуди екскулузивен и модерен накит за матуранти.

Ексклузивна матурска понуда во Tajmless

По повод матурските прослави и третиот роденден на Tajmless од вчера започна голема акција на попусти, изненадувања и награди за редовните купувачи.

Во салонот на Tajmless, можете да најдете брендирани часовници со рекорно ниски цени и попусти до 50 проценти, сребрен накит и Сваровски елементи намалени до 30 проценти. Најголем избор и најдобра понуда на над 15 најпознати бренда часовници, 7 бренда на модерен накит, сребрен накит од најреномираните светски производители и над 100 модели на Сваровски елементи.

„Мај е месец на матурантите, но и трет роденден на Тајмлес. По тој повод ќе имаме специјални понуди за нашите матуранти. Во текот на целиот месец ќе делиме награди, накит Сваровски за нашите верни купувачи. Извлекувањето ќе биде секој ден, а имињата на наградените ќе ги објавуваме на нашата Фејсбук страна. Имаме најповолна матурска понуда, повелете посете не и блеснете на матурската вечер. Бидејќи имаме исклучиво квалитетен и специфичен накит и секое парче е уникатно, ги повикуваме матурантите навреме да дојдат да изберат за себе или пак да купат подарот за матурант. Понудата е богата, а цените се прилагодени за секој џеп. Нашиот тим е секогаш тука да ви помогне при изборот и да ви ги претстави најновите и најкавилтетни модели,- вели Ѓокица Гиевски, сопственик на Timless.

Салонот работи секој работен ден и сабота од 9 до 21 часот. На 16 мај, по повод роденденот ќе има специјална роденденска понуда со големи изненадувања.

Ние сме во функција на нашите потрошувачи. Традицијата продолжува, ние секогаш сме пред другите. Подготвуваме посебни изненадувања за нашите купувачи, кои несебично не подржуваат. Позитивните коментари за нашата работа е мотив да бидеме уште подобри.Tajmless е кумановски бренд, ние постоиме за нашите сограѓани. За три години колку што функционираме успејавме да се наметнеме со нашиот квалитет и професионализам, а што е најважно ја оправдаме довербата на граѓаните. Кога ги гледаме нашите сограѓани дека се задоволни од квалитетот на нашиот накит и од нашата услуга, тогаш нашето задоволство е уште поголемо. Тоа е најголемото признание за една фирма. Ние не сме за еден ден и една година, функционираме и ќе функционираме уште многу години заедно, - додава Гиевски.

Од компанијата планираат да го прошират бизнисот со уште неколку салони во Куманово и Скопје.  Постојано ги следат модните трендови, и се што се случува во нашето блиско опкружување и соседните земји. Посетуваат сајмови за накит се со цел кумановци да имаат најквалитена понуда на накит во својот град.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk