ЕКСКЛУЗИВНО: Тодоров во ненајавена полноќна посета на кумановската болница

25.01.2015 08:33 | KumanovoNews

Mинистерот за здравство Никола Тодоров со членови од неговиот кабинет по полноќ, ненајавено ја посетиле Општата болница во Куманово.

ЕКСКЛУЗИВНО: Тодоров во ненајавена полноќна посета на кумановската болница

Како што неофицијално дознаваме, при нанадејната контрола бил затекнат доктор како спие на работното место за време на дежурството, медицински персонал кој не го почитувал Законот за пушење на едно од одделенијата, а биле забележани и неколку пациенти со цигари во рака.

Полноќната контрола утврдидила дека не е во функција тетра-радиостаницата која е наменета за комуникација меѓу Итната медицинска помош и Ургентниот центар во Општа болница Куманово.

Како што ни откриваат вработени кои ноќеска ја следеле ненадејната посета,  министерот Тодоров ги посетил Ургентниот центар, одделенијата за интерна медицина, педијатрија, гинекологија, но не знаат дали се сретнал со директорот.

Кумановоњус дојде и до ексклузивни фотографии од посетата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk