Eкспанзија на малите бизниси во Североисточниот регион

09.04.2014 15:01 | KumanovoNews

Североисточниот плански регион ќе добие 27.556 долари за една година за проектот “Експанзија на малите бизниси“.

Eкспанзија на малите бизниси во Североисточниот регион

Договотрот беше потпишан денеска а има за цел да го поттикне локалното населние заеднички да учествува во развојни проекти и да се искористат пари од европските фондови.

Општините Липково, Куманово и Старо Нагоричане би создале еден микро регион, а вториот регион ќе го сочинуваат Кратово, Крива Паланка и Ранковце. Микро-регионите взаемно ќе соработуваат на повеќе страни од општеството, со што значи, сериозност и отвореност на целиот процес. При формирање и регистрирање мораат да бидат вклучени локалните самоуправи, невладините и бизнис секторот кој треба да доминира со над 50 отсто - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на севеоисточен плански регион.

Слични проекти УСАИД лани направи во полошко и пелагониско и се задоволни од резултатите.

Во Североисточниот регион почнуваме со развој на таканаречениот ЛИДЕР пристап кој што ќе овозможи развивање на проекти за пристап до фондови од ЕУ. Се надеваме на успех. Би требало да биде интересно и возбудливо бидејќи почнуваме со иницијативи како на пример систем “капка по капка“ за наводнување на пченка и со дејности во областа на руралниот туризам - изјави Карл Ларкинс од УСАИД.

Локалните групи кога ќе се формираат, ќе поминат обуки и ќе треба да ги утврдат приоритетите за нивната заедница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk