Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изберете го предметот онака истресен од ракав, без разлика на насоката и училиштето. Тутнете им 3 дена пред тестирањето прашања за кои нема одговор во учебниците, ограничете ги со 60 минути решавање, резулататите впишете ги во свидетелствата и намалете им го просекот
За деновиве што болно ме мачат, да сварам уште едно кафе и да продолжам да ги искажувам маките на листов харија, ако ништо друго барем тој да ме разбере.Се прашувам дали воопшто може да ги впие сите недоречени зборови што внатре во мене си играат брканица, кој прв да пристигне на површината.
Подобра иднина.Она што сите го посакуваме зарем не? Она што е всадено во нашето битие уште со првите фантазии на само 6-7 години во овој натпревар именуван ‘’Живот’’ кој ја носи титулата од злато или само празни раце. Но, да не се лажеме уште на почеток, можеме само да сонуваме за неа и да се надеваме дека новите генерации, новите интелектуалци на општеството ќе променат нешто.Веќе одамна сме на истата ранг листа на третирање како беспомошните и невините животни и останатите суштества.Колку вреди човековата личност во ваквата крајност? Ме лазат илјада морници кога ќе помислам со што се сме помножени и кој е вистинскиот резултат. За што тогаш се бореле нашите луѓе, предци, дејци, револуционери низ вековните борби на ова мало парче земја во матните води уште од 8 век п.н.е носени од сите народи на кои им дошла при рака? За што гладувале, се мачеле, гинеле крваво и згаснувале толку животи под канџите на 5 вековното Османлиско ропство? За ова што се случува денес сигурно не. Kаде замина борбениот дух, надежта за промени, борба за своите права и сопственото мислење? Во спротивна насока кон молчењето, стравот, трепетот од новите закони, правила т.е. желби и честитки на ВЛАСТА? Ги изневеривме предците луѓе мои, ги посрамивме. Останавме со затнати усни,а има толку многу да се зборува и да се вика на цел глас. До кога ваков ТЕРОР, УЖАС, ХАОС, ПСИХИЧКА ТОРТУРА, СРУШЕНИ СОНИШТА,ИНИЦИЈАТИВИ И ГЕНИЈАЛНОСТИ? До кога МОЛК,ТИШИНА, ПОКОРНОСТ, РОПСТВО упатени на адресата до НЕПИСМЕНИТЕ и НЕИЖИВЕАНИТЕ ДЕМОКРАТСКИ стучњаци на општеството во Министерства, Влада, Собрание?? Особено сум свртена кон она МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ако воошто може и така да се нарече. Да ги запрашаме колкумина од нив се доволно запознаени со наставната програма во училиштата, нејзиниот тек и реализација? Колкумина од нив се доволно запознаени со нашиот однос, соработка на релација професор-ученик? Колкумина од нив знаат барем 2 одговори од бројните прашања на ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ? Колкумина од нив спиеле мирно додека на една страна професорите го смислувале контекстот на тестовите/писмените а потоа со часови ги прегледувале, а на друга страна учениците бдееле над книгите? Колкумина од нив самите знаат зошто е потребно ова, каде е целта, и кој е исходот? Освен едно, додека тие седат во своите канцеларии денгубејќи и досадувајќи се со мислите за нешто ново што ќе ја сруши монотнијата, ние мачениците одиме од крајност во крајност,го губиме својот идентитет, своето ЈАС, патот кон замислената идна професија и работно место, а господарите вешто и умешно ги реализираат сопствените хирови, нивното поминало што им е гајле.
Изберете го предметот на тестирање на учениците онака истресен од ракав, без разлика на нивниот избор во средните училишта и насоката. Тутнете им 3 дена пред тестирањето прашања за кои нема одговор ниту во соодветните учебници, ограничете ги со 60 минути решавање, резулататите впишете ги во свидетелствата и намалете им го просекот. КАДЕ Е УНИФИЦИРАНОСТА НА ЕДЕН ГИМНАЗИЈАЛЕЦ ДА СЕ ЗАПИШЕ НА ПОСАКУВАНИОТ ФАКУЛТЕТ СО УСПЕХОТ ЗА КОЈ СЕ БОРЕЛ И РАБОТЕЛ ЦЕЛИ 4 ГОДИНИ? Каде е целокупната годишна работа, непреспиените ноќи, плаќањето на приватни професори за подобар успех? НАДВОР ОД ДРЖАВНАТА КВОТА? ПОНИСКА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА? КАДЕ СЕ СЛУЧУВА ОВА ОСВЕН ВО МАКЕДОНИЈА? УШТЕ КОЛКУ ЌЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА НЕ СРУШАТ? УШТЕ КОЛКУ И ШТО ВООШТО ЧЕКАМЕ? Се плашам да се замислам себе си и воопшто земјава за 10 години.А вие??
Тамара Петрушевска
III година, гимназија „Гоце Делчев„
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk