Електричари на диво замениле монофазни броила

03.07.2014 14:14 | KumanovoNews

Е.А.(38) од Опае, електромонтер во ЕВН, лани во септември незаконски направил замена на монофазни броила кај тројца потрошувачи.

Електричари на диво замениле монофазни броила

По ова тој изготвил три работни налози со неточни податоци и ги предал на С.Д.(44) од Липково, вработен во ЕВН за понатамошна постапка и внесување во системот на ЕВН. С.Д. постапил спротивно на прописите за активирање на одјавено броило и незаконски ги сменил податоците на трите потрошувачи со други три лица и ги активирал старите броила без никакво барање, уплата или дозвола од раководителот. На овој начин вработените ја оштетиле ЕВН за 90.765 денари.

Двајцата ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и овластување, а Е.А. ќе одговара и за фалсификување службена исправа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk