Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца работници од Куманово се здобиле со скршеници по телото, откако поднале од поголема висина додека биле на работа во Скопје.
А.С.(30) и Д.Ј.(52) двајцата од село Добршане, кои биле ангажирани преку кумановска фирма, за поставување електрична инсталација во хангар на фирма лоцирана на улица „Перо Наков“ во Скопје.
Лицата се здобиле со повреди при пад од висина, при што А.С. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на трет лумбален пршлен), додека Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на пета).
За настанот запознат е трудов инспектор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk