Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Електормонтер вработен во ЕВН на свој пријател подесил броило да не ја чита потрошената струја
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Г.Б.(41) од Куманово електромонтер во ЕВН поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и Р.А.(62) од с. Виштица за поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Г.Б. злоупотребувајќи ја службената положба му овозможил на Р.А. нелегално да користи електрична енергија на тој начин што со својот кодиран клуч го отворил електричното броило и извршил премостување на една фаза со што оневозможил броилото да ја мери реално потрошената електрична енергија, а по ова ставил свои пломби кои не се совпаѓаат со сериските броеви на броилото.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk