Електронска проверка на данок на имот

30.09.2014 09:03 | KumanovoNews

На сајтот на општина Куманово, граѓаните можат да проверат колку пари должат за данок на имот.

Електронска проверка на данок на имот

Со решенијата за данок на имот во посебен плик странките добиваат шифра и лозинка со која можат да се логираат и да проверат колку треба да платат за данок на имот.

“Тоа е една новина која функционира од 15 август. Со  лозинка може да се влезе на веб серверот на општина Куманово, и  во посебна ставка даноци на имот  можат да ја проверат финансиска картичка, колку должат, колку платиле, кога добиле решение, итн “ - изјави Зоран Павловски, раководител на сектор за администрирање на приходи во општина Куманово.

Со електронската проверка на данок на имот ќе се зголеми прегледноста, транспарентноста во работењето и ќе се зголеми наплатата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk