Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово ќе биде Елена Доцевска Божиновска.
Од партиски извори дознаваме дека Доцевска Божиновска ја добила поддршката на Извршниот комитет и на Централниот комитет на вчерашната седница.
Таа е дипломиран правник со положен правосуден испит, раководител на Одделение за библиотека во Собранието на РМ. Судена за настаните од 27 април.
Кaко што веќе објавивме, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово е актерот Тони Михајловски.
Кандидатите за градоначалници и носители на листи се очекува денеска официјално да ги промовира лидерот Христијан Мицкоски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk