Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Елизабета Стојковска е избрана за претседател на Општинската изборна комисија Куманово. Изборот е направен од страна на Државната изборна комисија, по случаен избор по електронски пат.
Елизабета Стојковска дипломирала на јавна администрација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Вработена во Општина Куманово е од 2014 година.
„Сепак, не ми е непознат изборниот процес, бев и претседател на изборна комисија на избирачко место во Куманово, па сум запознаена со оперативниот дел на подготовка и спроведување на избори. Секако овие предизборни сесии не вишок заради потсетување и утврдување на познавањето на законите и прописите, нашите права, обврски и задолженија“, истакна Стојковска.
Веќе се започнати обуките, задолжителна едукација за ОИК, а на нив присуствуваат и претседателите на изборните комисии од Старо Нагоричане и Липково, како и членови на комисиите. Едукацијата се спроведува за да учесниците се стекнат со знаења и вештини своите надлежности да ги спроведуваат ефикасно, квалитетно и во согласност со позитивните прописи.
Претседател на ОИК Старо Нагоричане е Марјан Даиловски, технолог по професијам, вработен во Агенција за храна и ветеринарство ПЕ Куманово, а секретар за истата изборна комисија е Горан Доневски, правник.
Во Општина Липково пак Ајше Демири е претседател на ОИК, помлад соработник во МТСП , а секретар е Нухи Ајдини.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk