Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Емилија Трајковска е избрана за нова претседателка на Унија на жени на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.
Таа се заблагодари за довербата од сопартијците и рече дека и во иднина ќе работи на совладување на предизвиците.
“Голема чест и задоволство ќе ми биде да работам со сите вас. Ќе имаме можност во иднина да соработуваме и да остваруваме заедно. Подготвена сум заедно со вас да се соочам со предизвиците и да одговарам на задачите. Нашата работа ќе биде во соработка со општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, со Унија на млади сили, со Унијата на ветерани и други кои би сакале да се приклучат и да работат со нас. Моја единствена мисла е дека единството во нашите редови, отвореноста, искреноста и почитта меѓу себе се главните карактеристики по кои треба да се водиме“ - вели Трајковска.
Таа ги повика сите симпатизери на ВМРО - ДПМНЕ и граѓани да им се придружат и со своите идеи да придонесат за Куманово.
Трајковска по професија е правник, вработена во Агенција за странски инвестиции. Таа доаѓа на местото на Злата Божиновска на која и заврши мандатот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk