Емилија Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ нова пратеничка во македонското Собрание

08.01.2020 09:50 | KumanovoNews

 Емилија Трајковска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, ќе биде нов пратеник во Собранието на Македонија на местото на Невенка Стаменковска- Стојковски, која стана заменик министер за информатичко општество во техничката Влада.

Емилија Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ нова пратеничка во македонското Собрание

Државната изборна комисија (ДИК) треба да го потврди мандатот на Трајковска, а верификацијата ќе го изврши Собранието на една од наредните седници.

Трајковска беше на изборната листа на Коалицијата за подoбра Македонија во втората изборна единица на место број 13.

Таа е актуелен советник во Советот на Општина Куманово и поранешна претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Нејзиното советничко место ќе го завземе Елена Трајановска, која е следна жена на листата за советници.

 Емилија Трајковска по професија е дипломиран правник и работи во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk