Епидемија на мали сипаници во Средорек и Бавчи

07.09.2010 14:07 | KumanovoNews

 Во кумановските ромски населби Средок, Бавчи и Стари Лозја е прогласена епидемија на морбили. Во трите населби се регистрирани двасетина случаи на заболени од кои неколу со компликации се задржани на болничко лекување.

Епидемија на мали сипаници во Средорек и Бавчи

 Заболените лица се на возраст од 11 месеци до 26 години од кои 3 лица се од населбата Стари лозја, а останатите од Средорек. 3 лица се хоспитализирани на Инфективното одделение при Општата болница Куманово, поради појава на компликации на воспаление на белите дробови вели епидемиологот- вели д-р Јадранка Стаменковска.

Во населбите веќе три дена се спроведува вакцинација на децата и возрасните по препорака на комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Вакцинацијата се спроведува со тритипна вакцина МРП на сите лица со наполнети 6 месеци  и родени по 1970 година во населбите Средорек, Стари лозја, Бавчи и Анѓа Ранковиќ. Вакцинацијата ја вршат десетина тимови при Здравствениот дом Куманово и досега се вакцинирани 934 лица.  

Жителите на Средорек признаваат дека епидемијата настанала како последица на тоа што децата и тие не се вакцинирале редовно. И сега се јавува отпор кај одредени семејства да извршат имунизација.    

Ние сме осум члена дома имам шест деца и само сопругата ми е вакцинирана. Едно од децата ми е болно и има температура и нема да ги вакцинирам, затоа што тие се големи. Јас мислам дека заболуваат само кога се мали - вели еден од родителите.

Други се со спротивно мислење и сакаат да се вакцинираат  за да ги заштитат од епидемијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk